Нови пет освежувачи за воздух во градинката „Р.Ј. Корчагин“

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање, денеска донираше пет прочистувачи на воздух за децата во градинката „Р.Ј.Корчагин“. Ова е трета донација на прочистувачи за детските градинки во општината.

„Детските потреби, желби и интереси за нас секогаш се приоритет. Сѐ може да чека, само децата – не. Ќе се заложиме да им го обезбедиме сето она што им е потребно на нив, а тоа најлесно ќе го оствариме со нашето членство во Европската унија.

– Со членството од ЕУ, преку нивните фондови за заштита и унапредување на животната средина секојдневно придонесуваме за почиста и поздрава околина, но и значително ќе се зголеми бројот на средства преку овие фондови“, на денешната свеченост истакна градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Општина Центар продолжува да работи на подобрување на условите во детските градинки и обезбедување поквалитетен престој на децата.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски