Вардар СЦБТ се договори со Николиќ

Од:

Поранешната македонска репрезентативка Јулија Николиќ следната сезона ќе го носи дресот на ЖРК Вардар СЦБТ. Николиќ која сезонава игра за екипата на Звезда Звенигород,  со македонскиот клуб потпиша едногодишен договор, соопштуваат од Вардар СЦБТ.

– По три сезони минати во францускиот Арвор 29 и една во Звезда Звенигород, Николиќ реши повторно да се врати во Македонија и да ја продолжи кариерата во нашиот клуб. Со неа ЖРК Вардар СЦБТ за следната сезона добива големо  искуство и квалитет на бековската позиција, стои на официјалната веб страна на клубот.

30-годишната ракометарка од 2003 до 2009 година има настапувано за Кометал Ѓорче Петров, а во меѓувреме доби македонски пасош и стана репрезентативка на Македонија.

На ЕП 2012 во Србија, Николиќ  ја заврши репрезентативната кариера во дресот на македонската репрезентација со вкупно одиграни 60 натпревари и 201 постигнат гол за националниот состав.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ