Македонскиот женски ракометен шампион, ЖРК Металург денеска и утре ќе ги одигра двата натпревара од Купот на куповите од осминафиналната фаза.
И двата натпревара ќе се одиграат во Германија во договор на двата тима. Првиот дуел се игра денеска со почеток во 18 часот во Бад Лангензалца, додека почетокот на утрешниот дуел е во 15 часот и се игра во Нордхаусен.
Тимот на Турнигер оваа сезона настапи во првата фаза од групата на Лигата на шампионите, а станува за збор за квалитетен состав, каде голман е репрезентативката на Србија Катерина Томашевиќ, настапуваат репрезентативката на Германија Ања Алтхаус, на Данска Мие Аугустенсен. Имаат исто така квалитетна бековска линија составена од репрезентативки: Надја Нагорнаја, Шења Миневскаја, Ана Грос и други.
За разлика од нив ЖРК Металург ќе настапи ослабен бидејќи поради поверди нема да настапат Олга Васчук и Соња Башиќ, а Драгана Пецевска повеќе не е дел од тимот од Автокоманда.
Од македонските екипи денеска во рамките на осминафиналето од купот на ЕХФ ќе настапи и ЖРК Вардар СЦБТ. „Црвено-црните“ во 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ја пречекуваат руската екипа Кубан Краснодар.