Владата го пречека Курц со погрешно знаме

Од:

Владата го пречека канцеларот Себастијан Курц со погрешно знаме, наместо со австриското, кое требаше да биде поставено пред платото на Владата.

Националниот симбол на Австрија има правоаголна форма и е поделено на три еднакви правоаголници. Знамето поставено пред Владата беше со помала ширина во делот на белата лента. Погрешно скроеното знаме го забележаа новинарите од Австрија, кои ја следеа посетата на канцеларот Курц.

Според присутните, знамето кое било поставено, според изгледот, наликувало на националниот симбол на Латвија. Но, знамето на оваа земја има темноцрвена боја.

Австрискиот канцелар беше пречекан од премиерот Зоран Заев и министрите од Владата со највисоки почести. Тој на прес-конференција рече дека неговата држава е најважниот инвеститор за Македонија и изрази поддршка за референдумот.

Според канцеларот, решението на спорот со името е голема шанса за Македонија да биде дел од Европската Унија.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски