Католичките цркви во Њујорк под истрага за сексуално малтретирање

Од:

Јавното обвинителство на Њујорк поднело барања за доставување на информации до сите осум католички бискупии во сојузната држава, со цел да се соберат податоци за прикривање на сексуално малтретирање во рамките на црквата.

Обвинителката Барбара Андервуд воедно најави дека работи со околиските обвинители да се отворат истраги за наводите за малтретирање. Католичката црква е зафатена од скандал во кој обвиненијата допреа и до папата Франциско, за систематско криење на информациите за сексуално малтретирање на малолетници од страна на свештениците. Обвинителите во сојузната држава Пенсилванија неодамна излегоа со детален извештај на 900 страници за прикривањето на ваквите случаи во тамошните бискупии, по што и другите американски држави почнуваат со истраги.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас