Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска ја поддржа кандидатурата на Манфред Вебер за претседател на Европската комисија на претстојните избори за Европскиот парламент и побара пристапната перспектива за земјите од Западен Балкан да стане реалност.
– Се друго би било нефер кон кандидатите, рече Курц на седница на Европската народна партија во Виена.
Во врска со Вебер, Курц изрази задоволство што германскиот политичар од Христијанско-социјалната унија се одлучил на кандидатура додавајќи дека тоа е важен чекор.
Во исто време, Курц и Вебер во своите обраќања, остро ги критикуваа „популистите“ и предупредија на опасноста „граѓаните да паднат во нивна замка“.