Сугарески: Седумдесет милиони евра од Светска банка за инфраструктурни проекти во целата држава

Од:

Целосна реконструкција на булеварот „Туристичка“, на регионалниот патен правец од Охрид до селото Подмоље, делницата од Подмоље до Струга, како и патниот правец од Струга до граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница, најави денеска во Охрид министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Владата на вчерашната седница ја прифати кредитната линија на Светската банка во вредност од 70 милиони евра, со кои државата на општините дополнително ќе им помогне за реализација на предвидените инфраструктурни проекти, рече Сугарески по средбата со охридскиот градоначалник Јован Стојаноски.

Градоначалникот Стојаноски дополни дека во соработка со Министерството за транспорт и врски ќе се реализира и инфраструктурниот проект за изградба на водоводот од каптажата „Дувло“ до Охрид, односно решавање на потребите со водоснабдувањето на градот со подобрување на инфраструктурата на водоводната мрежа кон селата Лескоец, Косел, Свињишта, Опеница и другите населени места на тој потег во насока на Ресен.

– Очекувам до крајот на годината да отпочне и целосно реновирање на улицата „Абас Емин“ во Охрид, како и помош во финансирањето на урбанистичките планови за старото градско јадро, проекти за кои општината не може да обезбеди доволно финансиски средства, рече Стојаноски, најавувавајќи поскора реализација на ветените проекти.

Што се однесува на текот на изградбата на автопатската делница Охрид-Кичево, министерот Сугарески најави забрзување на динамиката на градежните активности, а паралелно да се регулираат нерасчистените имотно-правни односи и побарувања.

– Преговорите со кинеските изведувачи се во финална фаза, со очекување наредните денови да мине анекс-договорот пред Влада и во Собранието на одобрување и да се ослободат преостанатите 230 милиони евра од „Ексим банката“, а дополнително да биде соопштена и преостанатата конечна сума потребни средства за реализација на проeктот. Имаме сериозно убрзување на процесот на експропријација, a познато е дека согласно договорот рокот на изградбата е 2021 година, рече Сугарески, најаувајќи дека јавноста ќе биде информирана до последниот денар поединечно по ставки колку ќе чини сиот градежен зафат.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во Светска банка: Континуитетoт во поддршката од СБ од голема важност за нашата развојна агенда

А1он

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот