Петто место за студенти од штипскиот Економски факултет на меѓународниот натпревар „Rotman International trading“

Од:

Четворица студенти од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) -Штип го освоија петтото место на натпреварот за тргување на берзи „Rotman International trading“, кој се одржа во Италија кон крајот на месец август.

Студентите и нивната менторка денеска остварија средба со ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев.

Менторката Елена Весилнова вели дека идејата на овој престижен европски натпревар е да се тестираат потенцијалите на студентите, колку можат во симулирана ситуација на тргување, која што во целост ги имплементира реалните услови на тргување на светските берзи, да ги демонстрираат своите знаења.

– Нашиот постигнат резултат со овие исклучителни луѓе ни најмалку не е случаен, бидејќи се должи на напорна подготовка, исклучителна посветеност и на квалитети како индивидуи кои што беа мултиплицирани со нивниот тимски дух, вели Веселинова.

Деканот на Економскиот факултет, Трајко Мицевски забележа дека ова е доказ дека на штипскиот универзитет студираат студентите, кои веднаш можат да одговорат на потребите на стопанството, а високиот резултат за нив е голема сатисфакција, бидејќи станува збор за натпревар во кој учествуваат студентите од 40 европски универзитети.

-Зад нас остана многу факултети и Универзитети кои се на Шангајската листа, со тоа ние докажавме дека нашите студенти имаат јаки вредности со знаење и способности, култура и однесување, вели Мицевски.

Боев рече дека како Универзитет е особено важно студентите да учествуваат на вакви меѓународни натпревари, а како високообразовна институција и понатаму ќе ги поддржуваат студентите од сите факултети, кои сакаат да учествуваат на вакви натпревари на кои се покажува стекнатото знаење.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро