(ВИДЕО) Спасовски: Соработката со граѓанскиот сектор ни е приоритет

Од:

Еден од основните приоритети на актуелното раководство на МВР е и соработката и партнерството со граѓанскиот сектор, односно граѓанските асоцијации чии што активизам се однесува на области кои што се во делокругот на работа на нашето министерство, рече министерот за внатрешни работи по денешната средба со претставници на граѓанската асоцијација „Цивил“ и националниот координатор за насилен екстремизам и тероризам Борче Петровски.

– МВР и граѓанската асоцијација „Цивил“ имаат извонредна соработка за што впрочем сведочи и меморандумот за соработка што ние како две институции го потпишавме и кој што ни отвори една широка нормативна рамка за превентивно делување на многу полиња од заеднички интерес. Во тој поглед и денешната дискусија околу насилниот екстремизам и говорот на омраза- рече Спасовски.

На средбата се разговараше и за претстојниот референдум и мерките кои се преземаат за да се обезбеди граѓаните мирно и слободно да го исполнат своето граѓанско право.

– Разговаравме и за претстојното референдумско изјаснување и важноста за обезбедување на еден спокоен, цивилизиран амбиент ослободен од секаков облик на закани или омраза, што би можеле да реперкуираат со последици по правото и слободната волја на секој наш граѓанин при претстојното гласање.

Претседателот на „Цивил“ Џабир Дерала во изјавата по средбата апелираше граѓаните да се воздржат од говор на омраза особено пред претстојниот референдум.

– Го повикуваме Основното јавно обвинителство да постапи во сите случаи во кои ќе се забележи говор на омраза- рече Дерала.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски