Индијана го продолжи договорот со тренерот Мекмилан

Од:

НБА лигашот Индијана Пејсерс потпиша нов повеќегодишен договор со тренерот Нејт Мекмилан, објави клубот на официјалната веб-страница.

54-годишниот специјалист со тимот на Индијана работи од 2016 година. Во двете претходни сезони, тој има скор од 90 победи и 74 порази.

– Благодарност до раководството за укажаната доверба. Од самото мое доаѓање тука пред две години ја имам поддршката која многу ми значи, изјави Мекмилан.

Минатата сезона Индијана во плејофот беше елиминирана од Кливленд во првото коло во серија од седум меча (4:3).

Мекмилан се најде на 6.место на листата најдобри тренери во лигата.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот