Без струја утре повеќе делови на Скопје

Од:

Без електрична енергија утре од 08:30 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од улица „Ленинградска“ како и улица „Јосиф Јосифов Свештарот“, во општина Центар.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја утре од 09:00 до 15:30 часот ќе останат корисниците од улица „Франклин Рузвелт“ број 51 како и булевар „Партизански одреди“ број 48, во општина Карпош.

Без напон од 09:00 до 12:00 часот ќе бидта и корисниците од дел од улица „Лука Геров“, под улица 15 и под улица 17, во општина Ѓорче Петров.

Во време од 09:00 до 10:30 часот без електрична енегрија ќе бидта и корисниците од индустриската зона Ќојлија- фирмите Кондор и Беташпед, во општина Петровец.

Без струја од 07:25 до 12:00 часот ќе бидат и корисниците од улиците „Јани Лукровски“, „Ташко Караџа“, „Лазар Поп Трајков“, „Трифун Хаџијанев“ и „Христо Ботев“, во општина Гази Баба.

Од 09:20 до 14:00 часот корисниците од Бел Камен, Кучевишка бара како и Дрво метал, во општина Чучер Сандево.

Без електрична енергија од 08:40 до 13:00 часот ќе бидат и корисниците од влезот во населба Радишани, почеток на улица „Скоевска“, кај Триаголникот на улица „Скоевска“, улица 1558 како и улица „Ѓоре Ѓоревски“, во општина Бутел.

Од 10:30 до 15:30 часот без напон ќе бидат и корисниците од дел од селото Долно Соње, во општина Сопиште.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 13 ноември 2026 изнесува 200,40 евра за мегават час, на МЕМО 211,11 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 06 ноември 2026 изнесува 307,07 евра за мегават час, на МЕМО 314,68 евра за мегават час

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

Левица: ЕВН наплаќа „милиони“ за модерна мрежа, додека граѓаните добиваат неквалитетна услуга

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 август 2026 изнесува 174,06 евра за мегават час, на МЕМО 140,58 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час