Работник загинал сечејќи дрво со моторна пила

Од:

Албански државјанин починал од повреди откако на глава му паднала гранка додека сечел дрво со моторна пила.

Според СВР Тетово, албанскиот државјанин К.Ц.( 53 ) вчера претпладне во шумско подрачје во атарот на селото Лазарополе, во месноста „Јама“, сечел буково стебло со моторна пила. Во еден момент врз главата му паднала една гранка и загубил свест.

Повредениот работник со возило на Националниот парк „Маврово“ префрлен е во дебарската болница, а отаму во охридската болница „Свети Еразмо“ каде што утрово им подлегнал на здобиените повреди.

Албанскиот државјанин бил ангажиран преку струшка фирма, која имала тендер за сечење и транспорт на огревно дрво во регионот на Лазарополе.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле комплетен увид и работат на расветлување на околностите кои довеле до несреќата.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип