Тешко повреден мотоциклист од Англија

Од:

Дваесет и шестгодишен Англичанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Во несреќата повредени се и уште две лица.

Според МВР, во незгодата учествувале мотоцикл „Хонда“ со британски национални ознаки, управуван од J.J.(26) од Англија и патничко возило „Фолксваген Голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.В.(27) од с.Требиште-Маврово.

Во сударот со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил згрижен во дебарската болница, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Возачот на голфот Е.В. и сопатникот во возилото А.В., се здобиле со телесни повреди и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози