Тора покрена нова кампања за отцепување на Каталонија

Од:

Каталонскиот лидер Ким Тора покрена повторно кампања за отцепување на Каталонија од Шпанија, истовремено отфрлајќи ја понудата на шпанската влада за референдум за поголема автономија.

Тора синоќа рече дека мандатот, кој им го дале граѓаните на 1 октомври, е уште на сила и оти настојува да го исполни.

Тој во театар во Барселона одржа говор под наслов „Наш момент“.

Тора сега бара нов референдум, што би го признала Шпанија.

-Тоа е единствен начин да се обнови мандатот што го добивме, рече тој, по речиси пет месеци откако е избран за функцијата претседател на влада.

Неговиот претходник Карлес Пуџдемон, во октомври 2017 година организираше референдум за независност. Мнозинството гласаше за отцепување, но противниците на независноста не гласаа, бидејќи владата на Шпанија и Уставниот суд го забранија референдумот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина Романци, сите роднини, се степаа на улица во Шпанија

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Двојно убиство во Барселона: Маж ја убил својата поранешна, но и сегашната партнерка

Момче е убиено на фудбалски терен во Толедо

Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Предраг Петровиќ

Србин баран со потерница од Интерпол е убиен во Шпанија