Пред натпреварот Албанија-Израел, Американскиот стејт департмен ги предупреди своите граѓани на внимателност

Од:

Во пресрет на фудбалскиот натпревар Албанија-Израел, американскиот Стејт департмент ги предупреди на поголема внимателност своите граѓани кои престојуваат во Албанија.

– На седми септември 2018 година(петок) во 20:45 часот на стадионот во Елбасан ќе се одигра фудбалски натпревар меѓу националните репрезентации на Албанија и Израел. Иако немаме сознанија за какви било специфични закани кон американските државјани, ги повикуваме да бидат внимателни пред и во текот на натпреварот, стои во предупредувањето на Американскиот стејт департмент, објавено на Твитер.

Фудбалскиот натпревар Албанија-Израел се игра во рамки на Лига на народите.

Фудбалските екипи на двете држави последниот натпревар го имаа на 16 ноември 2016 година, исто така на стадионот во Елбасан а за безбедноста се грижеа над две илјади полициски службеници, припадници на специјалната полициска единица „Ренеа“ и единицата за брза интервенција.

За безбедноста на израелската делегација во хотелот каде што престојуваа, освен полицијата беа ангажирани и припадници на Националната града на Албанија.

Првично натпреварот требаше да се одигра на стадионот во северниот град Скадар, но по апсењето на албански и косовски џихадисти, по добиените инфромации од израелската тајна служба, Мосад, дека планирале терористички напад врз израелските фудбалери, одлучено беше истиот да се одригра на стадионот во Елбасан.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху вети дека ќе им се одмазди на јеменските Хути

Штрајк на наставниците во Тел Авив, судот го ограничува времетраењето на прекинот на работата

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Балистичка ракета го погоди аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, има повредени

Горан Наумовски

Израелската влада го повика Катар да „престане да си игра игри“ и со Израел и со Хамас во преговорите