Заев ќе претседава со Комитетот за интеграција на Македонија во НАТО

Од:

На редовната 86-та седница, Владата го формираше Kомитетот за интеграција на Република Македонија во НАТО.

Со него ќе претседава претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, а негови заменици се Радмила Шекеринска Јанковска, заменик претседател на Владата на Република Македонија и министер за одбрана, Бујар Османи, заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања и Никола Димитров, министер за надворешни работи.

Постојани членови на Комитетот се: Оливер Спасовски, заменик претседател на Владата на Република Македонија и министер за внатрешни работи, Рената Дескоска, министер за правда, Драган Тевдовски, министер за финансии, Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, Генерал – мајор Васко Ѓурчиновски, началник на генералштабот на Армијата на Република Македонија, Стојан Славески, директор на дирекција за безбедност на класифицирани информации, Стево Пендаровски, национален координатор за НАТО, Беким Максути, заменик министер за одбрана, Агим Нухиу, заменик министер за внатрешни работи, претставник од опозицијата (според номинација од најголемата опозициска партија).

Во работата на комитетот може да учествуваат и други членови на Владата и други релевантни чинители доколку се расправа за теми од нивната област.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари