(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Другар на Заев доби милионски бизнис од Спасовски

Од:

Кампањата за референдумот е само димна завеса за милионскиот криминал што го прави Зоран Заев и картелот кој што тој го води. По веќе разработена шема тазе формирани фирми без никакво искуство во областа добиваат милионски бизниси и декласираат децениски стари компании, рече Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Со потпис на Оливер Спасовски, милионски бизнис за теоретско и практично тестирање за полагање на возачки испити на територија на Струмица и струмичкиот регион е доделен на фирма без никакво искуство во областа, формирана на 17.04.2018 година, неполни два месеци пред да биде распишан огласот на 25.06.2018 година, од страна на Стојан Иванов, другар на Зоран Заев уште од средно училиште. Дали на овој начин Зоран Заев преку државните институции им се оддолжува на личните и партиски пријатели? Заев преку Спасовски на својот другар му доделил ексклузивно право да спроведува теоретско и практично тестирање за возачки испити на цела територија на СВР Струмица, односно на регион од над 150 илјади жители, рече Ѓорѓиевски.

Како што кажа тој, фирмата формирана со основен влог од само 5.000 евра и без никакво искуство декласирала фирми со долгогодишно искуство во областа и во наредните 5 години ќе го има ексклузивното право да спроведува возачки испити.

– Кои квалификации ги имала оваа фирма за да го добие овој бизнис? Како е вршено бодувањето и кој го вршел изборот на истата? Иванов, кој е угостител, исто како и неговата фирма нема искуство во областа од полагањето за возачки дозволи ќе има ексклузивитет за извршување тестирања од кои што ќе зависи дали некој ќе добие или не возачка дозвола или пак нема да добие. Ова е недозволиво и не е европски стандард, како што милуваат да кажат претставниците на власта. Никаде на друго место во ЕУ работа од која зависи доделување на јавните исправи не ја извршува фирма без никакво искуство во оваа област. Одговорност за овој скандал мора да има. Конкурсот мора да биде повторен. Зборуваат за ЕУ и НАТО, а секојдневно делат милионски тендери по криминално разработени шеми, а земјата ја направија мека за криминал, за која пишуваат сите светски медиуми. Оваа власт мора час поскоро да си замине. Нашата државата мора да тргне напред, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра