Јавното претпријатије „Билјанини извори“ со сопствени средства, согласно можностите изврши реновирање и освежување на ентериерот на спортската сала во Охрид.
Изминатите две седмици спроведена е санација на паркетот, направена е нова записничка маса, набавени се нови мрежи за головите за ракомет и мал фудбал, целосно се освежени со боја паркетот и ѕидовите покрај теренот.
Активностите се во насока на создавање достоинствени услови за тренинг, натпреварување и рекреација за сите клубови, федерации и рекреативци во објектот.