ВИДЕО: Стопанската комора на Македонија и дава целосна поддршка на Владата за референдумот

Од:

Стопанската комора на Македонија и дава целосна и недвосмислена поддршка на Владата за референдумот, а по завршувањето на процесите околу членството во ЕУ и НАТО, очекува помирување на политичките партии и создавање уште подобри услови за развој на економијата.

– Не уверивте во потребите бизнис заедницата да ги поддржи напредните идеи на државата. Ги знаеме и ги цениме сите напори што ги направивте во изминатиот период, истакна претседателот на Комората Бранко Азески, заокружувајќи ја денешната трибина на која присуствуваа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев.

На тоа премиерот Заев возврати дека е созреано времето да се одработи за државата. Воедно порача, стопанствениците да ја зграпчат новата можност за соработка со Грција и Бугарија.

– Македонија мора да направи квантен скок, да се качи на мотор од 1.600 кубика за да ја забрза својата перспектива, а тоа е можно само ако стане ќленка на НАТО и ЕУ. Верувам дека ќе успееме. Ова прашање е многу важно за сите, за земјава генерално, за граѓаните, но и за бизнисот. Не е исто да имате пазар од околу 1,5 милиони и пазар од 500 милиони жители, подвлече Заев.

Тој очекува раст на економијата во вториот квартал од 2,5 до четири отсто, а по евроатлантските интеграции и над пет проценти.

– Тоа е можно ако прво, ние политичарите се подсредиме, и второ, откако, секако, ЕУ ќе не подбере со камшик и ќе не стави во колосек, нагласи премиерот.

Уште сега, дополни премиерот, додека членството во ЕУ и НАТО се уште се во најава, бројките кажуваат многу. Индустриското производство порасна за 8,4 отсто или само за 5,5 е растот во првите осум месеци оваа година во споредба со лани.

– Вака како што сега се поставени работите, со контролите на УЈП и инспекции, меѓу осум и 10 проценти е зголемен приходот од даноците, а тоа е доказ дека живее економијата, дека се раздвижени и растат параметрите. Зголемен е и извозот за 14,5 отсто, рече Заев.

Оценка на стопанствениците е дека изминатава година економските состојби се значително подобрени, а по евроатлантските интеграции се очекува бројките драстично да пораснат.

– Сега е моментот како граѓани да ја донесеме финалната одлука. Не треба да биде тема на разговор дали да се одлучиме за овој чекор, туку како максимално да го искористиме. Членството во НАТО и ЕУ ќе донесе придобивки и одлични можности за македонската економија. Во првите декади нема да станеме богати како некои западни земји, но граѓаните ќе добијат шанса за подобар живот, потенцираа претставниците на бизнис заедницата.

Претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер укажа дека ако Македонија сега не ја искористи шансата и не стане дел од ЕУ и НАТО, разочарувањето кај младите ќе се зголеми, иселувањето ќе се интензиира, ќе се намалат странските инвеститори, извозот и вработувањата, а можна е и нова политиќка криза, како и закана по безбедноста. Ќе се изгубат и милијардата евра што ЕУ е подготвена да и ги даде на Македонија по евентуалното членство, иницијативите за заштита на животната средина, врските со меѓународните универзитети и со Е-инфраструктурата, дополни Петер.

Дебатата во Стопанската комора отвори повеќе прашања – договорите на Македонија со Бугарија и Грција, потребата од воведување дуално образование, подобрувањето на инфраструктурата, придобивките од членството во НАТО и ЕУ.

Премиерот Заев уште еднаш рече дека е убеден во исправноста на донесените одлуки, независно дали тие ќе се доразат понатаму во неговата политичка кариера.

– Нема интеграција во ЕУ и НАТО без целосно решени прашања. Апсолутно, 100 отсто сум сигурен дека Договорот со Грција е добро завршена работа. Придобивките допрва ќе се почувствуваат. Наше е само да го следиме духот на градење пријателство, подвлече премиерот, додавајќи дека документот е целосно транспарентен и со него македонија доби уште еден партнер на големиот европски пазар.

Негов став е дека Македонија, како мал пазар, мора да гради пријателства, посебно со соседите. – Откако изградивме концепт „едно општество за сите“, бевме подготвени да почнеме со решавање на крупните прашања кои ќе ги отворат македонските перспективи. Досега Грција од политички причини, не беше сфаќана како пријател на Македонија. Сега не е така. Тоа прво го кажуваме кога ќе ме прашаат новинарите што добивме со Договорот. Добивме пријател, потенцира Заев.

На крајот, Стопанската комора симболично, му подари маичка со амблем на „БМВ“ и штитници за грб при возење мотор.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада