Делови од Карпош, Кисела Вода и Чаир утре без струја

Од:

Во периодот од 9 до 15 утре часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Марко Орешковиќ“ и „Димо Хаџи Димов“ од бр. 96 до бр. 126 и од улицата „Љубљанска“ зграда бр.1 во општина Карпош.

Од 8 до 16 часот утре без снабдување со струја ќе бидат корисниците од улицата „Панче Неделковски“ куќите со броеви 48, 50, 52, 54, 56, 58 и 60, зградите со броеви 53, 57, 61, 62, 64, 66, 68, 70 и 72 и објектите околу црквата „Св. Ѓорѓија“ во општина Чаир.

Без струја од 8:30 до 15 часот ќе бидат корисниците од улицата „Доситеј Обрадовиќ“ бр. 14 во општина Кисела Вода.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од екипи на „ЕВН Македонија“ АД.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата