Во девет сообраќајки во Скопје вчера едно лице потешко повредено

Од:

На подрачјето на Град Скопје вчера се случиле девет сообраќајни незгоди, во кои едно лице е тешко повредено, а петмина полесно. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Полицијата фатила 25 лица кои се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак. Исклучени од сообраќај биле 18 возачи, двајца од нив ги управувале возилата под дејство на алкохол, 15 пред да стекнат со право на управување на моторно возило, а еден бил возач почетник. Од сообраќај полицијата исклучила 16 возила, од кои 14 биле нерегистрирани, а две технички неисправни.

Полицијата вчера издала 66 мандатни казни за непрописно паркирање, од нив 65 биле подигнати со пајак. Осумнаесет пешаци се казнети за поминување коловоз надвор од пешачки премин, а тројца на црвено светло. Четворица возачи се казнети за поминување на крстосница на црвенос светло, еден не дал првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, а двајца за неправилно престигнување. Осуммина возачи се казнети за не користење на заштитен додека управувале мотор, мопед или мотоцикл.

Одделението за превенција денеска ќе реализира воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи односно зборувале на мобилен додека возеле или немале појас.

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он