Силна експлозија, веројатно предизвикана од автомобил бомба, денеска го потресе сомалискиот главен град Могадишу.
Засега нема информации за повредени лица од експлозијата која се случила во областа Холвадаг. Сомалија е честопати цел на напади на исламистичката група Ал Шабаб, која се бори против властите на оваа држава.