Левски му се реваншира на МЗТ

Од:

Македонскиот кошаркарски вицешампион МЗТ Скопје Аеродром загуби во денешниот втор контролен меч против бугарски Левски Лукоил (80:91), во кој тренерот Ѓорѓи Кочов им даде голема минутажа на помладите во составот.

Тоа истовремено значеше поголем од вообичаено одмор за носители на играта, пред се на репрезентативците Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Дарко Соколов и Љубомир Младеновски, кои на паркетот минаа помеѓу девет и 14 минути додека нешто помалку од осум минути на паркетот мина и хрватскиот интернационалец Иве Иванов.

Американецот Џејмс Вудард беше најефикасен во домашниот состав со 14 поени, Андреј Маслинко реализира 12 поени со девет скока, додека Андрија Бојиќ реализира 10 поени.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос