Бесими на местото на Арифи – вицепремиер за европски прашања

Од:

Актуелниот министер за одбрана Фатмир Бесими би можел да ја наследи Теута Арифи на местото вицепремиер задолжен за европски прашања.

Според електронското издание на магазинот Република министрите на ДУИ кои се кандидираат за градоначалници треба да си поднесат оставки, а меѓу нив е и Арифи како кандидат за градоначалник на Тетово.

Република, повикувајќи се на неофицијални извори пишува дека водењето на евроинтегративните процеси по заминувањето на Арифи ќе ги преземе Бесими.

Освен Бесими, во политичките кругови се спомнува името на пратеничката Ермира Мехмети, сепак таа бара место на дипломат и тешко би се снашла во таква улога.

Најмала е веројатноста со евроинтеграциите, да раководи Артан Груби, шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната