Во понеделник и вторник во Кичево прскање против комарци

Од:

Во понеделник и во вторник екипа од Центар за јавно здравје Битола ќе спроведува теристичко дезинсекционо третирање за заштита од комарци во Кичево.

– Запрашувањето ќе се врши во периодот од 20:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило, информира раководителот на РЦУК-Кичево Сузана Тасеска.

Во прва фаза ќе бидат опфатени 800 хектари во градот Кичево и урбаните населби Осломеј, Зајас, Другово и Вранештица.

Со дезинфекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реките и водотеците, застојните води, подрачјата околу каналните системи на територијата на Општината, урбаните населби и локалитети регистрирани во договор со локалната самоуправа, како потенцијални жаришта за развој и размножување на комарците.

Во случај на неповолни временски услови (ветер,дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево