Владата на Република Македонија ги демантира невистините изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за наводно трошење средства за снимање спотови поврзани со кампањата за референдумот.
Како што и претходно беше јавно објавено, Владата на РМ одлучи да спроведе процес на планирана јавна комуникација од јавен интерес – кампања за референдумот. Владата единствено резервираше средства во износ од 6.500 евра за активности на социјалните мрежи, а сите други комуникации кои подразбираат односи со медиумите и учество на јавни настапи се во организација на редовните активности на Секторот за односи со јавност на Владата на Република Македонија.
Продукцијата и емитувањето на спотовите на телевизиите за кое јавноста е сведок дека се уште не започнало е активност на Собранието на Република Македонија и на политичките субјекти, а не на Владата.
Во спроведување на процесот на планирана јавна комуникација за референдумот, Владата на Република Македонија ќе работи транспарентно и отчетно, согласно стандарди за јавни комуникации од интерес на јавноста – релевантност, објективнoст, пропорционалност и рационалност.