Познатата американска скијачка Линдзи Вон соопшти дека претстојната сезона ќе биде последна за неа.
33-годишната Вон има 82 победи во трките од Светскиот куп и четири пати го освојувала големиот Кристален глобус.
– Ова ќе биде последна сезона во мојата кариера, напиша Вон на Инстаграм.
Атрактивната Американка последните неколку сезони се соочуваше со повреди, па посакува во последната нејзина сезона да нема такви проблеми и успешно да стави печат на богатата кариера.