Лондон е против промена на границите на Балканот

Од:

Британија соопшти дека е против промената на границите на Балканот и дека Србија и Косово треба да го решат проблемот со взаемно признавање.

Портпарол на британското Министерство за надворешни работи вчера изјави дека „нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово е клучна за безбедноста, стабилноста и напредокот на оваа земја и на поширокиот регион, пренесе Политико. “Владата верува дека ова треба да биде основа за признавањето на независните и суверени држави во рамките на нивните сегашни граници”, додадоа од британскиот Форис Офис.

Како што соопшти прес службата на српскиот претседател Александар Вучиќ, тој денес го примил британскиот амбасадор во Белград Денис Киф, на кого му соопштил дека Србија никогаш нема да прифати решение за Косово кое би било понижувачко.

– Претседателот Вучиќ ја истакна потребата од постигнување на трајно и праведно решение за Косово, кое нема да биде во спротивност со државните и националните интереси на Србија. Србија никогаш нема да прифати решение за Косово кое би било понижувачко за нашата држава и нашиот народ, се наведува во соопштението на кабинетот на Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on