(ВИДЕО) Јорданов: Источна Македонија е заборавена од оваа власт

Од:

Со СДСМ на власт државата е во застој. Сите претходно започнати проекти се со забавен процес на изградба или во целосен застој. Повеќе од една година изградбата на Клиничката болница – Штип е во застој односно наменски се развлекува периодот на изградба на објект кој требаше да биде пуштен во употреба оваа година, рече Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.

– Неспособноста е на директна штета на над 300.000 граѓани од источниот дел на државата. Наместо сите жители од источниот регион веќе да ги користат услугите на Клиничката болница, неспособноста на СДСМ се манифестира преку застој на градбата. Наместо модерни услови за престој на пациентите и достоинствени работни простории за вработените, прашање е кога и дали воопшто болницата ќе ја види светлината на денот. Колку за потсетување Клиничката болница – Штип ја започна владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година, се градеше во напредна фаза и истата требаше да биде завршена во 2018 година. По преземањето на власта од СДСМ овде не се одвиваат речиси никакви градежни активности ниту пак докторите добиваат плати од 100.000 денари, а пациентите од Источна Македонија повторно се заборавени од СДСМ, рече Јорданов.

Според него, Источна Македонија е заборавена од оваа власт, сите проекти се во застој или наменски се развлекуваат.

– Граѓаните и државата се тие кои што се жртва на ова неспособна власт. СДСМ мора да си замине за Република Македонија да тргне напред, рече Јорданов.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито