Исклучен член на СДСМ од Кавадарци поради манипулации

Од:

Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ Кавадарци на седницата  донесе едногласна Одлука за исклучување и престанок на членството во СДСМ на советникот Ташо Радњански поради тешки повреди на Статутот на СДСМ, односно кандидирање за независен кандидат без согласност на СДСМ, неплаќање на членарина, иако има потпишано договор пред нотар, непочитување на одлуките и ставовите на органите на СДСМ и работење и дејствување со лаги и манипулации низ членството со кое му нанесе штета на угледот на СДСМ.

Во моменти кои се историски за Македонската демократија во која од страна на ВМРО-ДПМНЕ е узурпиран просторот за квалитетна и чесна дебата, СДСМ како најголема опозициска партија има најголема одговорност јавноста да ја информира за вистината и реалноста.

Општопознато е мислењето дека Македонија секогаш страдала од предавници и платеници од ДПМНЕ, време е таа пракса да ја прекиниме, да ја сосечиме во корен и да се исправиме пред иднината.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат