Мицкоски се сретна со Даниелсон: ВМРО-ДПМНЕ верува во реформите и идеолошките постулати на европската интеграција

Од:

Претседатлот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со Директорот на Директоратот за проширување во Европската Комисија Кристијан Даниелсон.

Во текот на средбата Мицкоски ја афирмирал заложбата на ВМРО-ДПМНЕ поврзана со членството на Република Македонија во Европската унија. Мицкоски нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ верува во реформите и идеолошките постулати на европската интеграција.

„Мицкоски ги повтори ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со Договорот со Република Грција и укажа дека Партијата не може да се согласи со содржината на истиот бидејќи е спротивен со македонскиот правен систем како и меѓународните стандарди и практики. Соговорниците се согласија дека е потребна понатамошна комуникација помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на Европската комисија со цело зголемената потреба од севкупни реформи на македонскиот правен, политички и економски систем“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт