Завршува 13. Меѓународна ликовна колонија „Скопје“

Од:

Со презентација на создадените ликовни дела, вечер во 20 часот во хотел Арка во Старата скопска чаршија свечено ќе биде затворена 13-та Меѓународна ликовна колонија „Скопје”.

На колонијата што ја организираат Музеј на Град Скопје, Град Скопје и Хотел Арка, годинава учествуваат десет ликовни уметници, по пет од Македонија и од странство. Секој од нив е оригинален и посебен според сликарската техника и стилската определба.

На колонијата учествуваа Ахмет Ерман Караѓоз од Северен Кипар, Брита Грасман од Шведска, Сара Дангис од Франција, Денис Јуриј Крашковиќ од Хрватска, Елизабета Маторкиќ од Србија, а од Македонија Крунислав Стојановски, Јана Јакимовска, Елизабета Аврамовска, Зарије Амдиу и Љупчо Бојаров.

Создадените дела ќе бидат изложени и на манифестацијата на Град Скопје за одбележување на Денот на ослободување на Скопје, 13-ти ноември.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска