Хрватска: Се затвораат шест училишта, во 117 нема ниту едно прваче

Од:

Последиците од масовното иселување и се помалиот број новородени се видливи во Хрватска пред почетокот на училишната година, бидејќи шест основни училишта се затвораат затоа што нема ученици, а во 117 училишта нема ниту еден ученик запишан во прво одделение, објави порталот Индекс.

Според привремените податоци, кои порталот ги добил од Министерството за наука и образование, во училишната година 2018/2019 настава нема да се одржува во шест подрачни училишта во кои нема ученици, а две се затвораат бидејќи се селат во новоизградени објекти.

Порталот Индекс оценува дека е алармантен податокот што оваа училишна година во 117 училишта не е запишан ниту еден нов ученик.

Доколку се пресметува процентот на училишта во кои нема ученик во прво одделение, тогаш тоа е 9,5 отсто, навеле од хрватското Министерство, со напомена дека некои училишта во кои нема ученици од прво одделение ќе продолжат со работа, бидејќи таму има ученици во второ, трето и четврто одделение.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Далмација

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Пленковиќ: Владата ги заштити граѓаните од високите цени

ВИДЕО: Во Хрватска бојкот на продавниците поради превисоките цени

Катерина Ѓуровски

Хрватското МНР им препорачува на Хрватите да не патуваат во Србија

А1он