(ВИДЕО) Арсовски: Нашата економија е пропадната, државата се наоѓа во алармантна ситуација, ќе крахира

Од:

Ако се земе предвид дека капиталните инвестиции се основа за раст на една економија, тогаш после денешниот извештај на Министерството за финансии каде што капиталните расходи се 21.33%, во првите седум месеци, мора да си признаеме дека нашата економија е пропадната, а државата се наоѓа во алармантна ситуација и ќе крахира, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– За 7 месеци во 2018, економското трио Заев, Тевдовски, Анѓушев успеа да ја крахира македонската економија и да реализира само 21.33% капитални инвестиции, што е историски најлош резултат ви нашата држава. Ова е загрижувачки лошо и поразително за нашата држава. Всушност полош резултат од овој немаше да постигнат и доколку не работеа ништо. За жал, последиците од овие катастрофални резултати на оваа неспособна Влада, ќе ги трпат граѓаните и Република Македонија. Последиците ќе бидат тешки и ќе ги надминат и најцрните сценарија кои ги претпоставуваа експертите. Сите планирани и проектирани параметри кои ги имаа СДСМ пред изборите ги промашија, рече Арсовски.

Тој рече дека граѓаните со ваква поразителна економска политика може да заборават на ветувањата кои Заев ги даваше пред изборите.

– Нема ниту еден километар од 600 километри нови автопати, нема 500 евра просечна плата за сите граѓани, нема 100 илјади денари плата за лекарите, нема покачени пензии, нема покачени стипендии, нема нови училишта, нема нови градинки, нема нови студентски домови, нема нови болници и амбуланти, нема нови клинички центар. Едноставно нема ништо реализирано како капитален проект за граѓаните, а гледаме само хаос, безредие, афери, скандали, криминални тендери и јавни набавки и задолжувања кои во последните година дена се покачија над 1 милијарда евра. Јавниот и државниот долг на Република Македонија се зголемија за над 350 милиони евра откако е дојдена СДСМ на чело на власт на Република Македонија. Сведоци сме на нерационално трошење на граѓаните, каде што за цвеќиња се даваат 670.000 евра, а фондот нема пари за лекување на деца. Што побрзо си заминат од власт СДСМ, толку побрзо граѓаните ќе се спасат. На крајот граѓаните и Република Македонија ќе победат, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Арсовски: Министерката што се срами и ја цензурира сопствената култура треба да си поднесе оставка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Арсовски: Пендаровски сериозно го има совладано синдромот на ретерирање

Предлогот за видео надзор се однесува само за процесите кои не може да се дигитализираат, појасни Арсовски

Арсовски: СДСМ сака да украде 600 илјади евра преку маркетинг кампања

Арсовски: Можеа да изгласаат помош на стопанството кога гласаа доверба – одолговлекуваат затоа што Буџетот е празен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Арсовски: МВР и Спасовски 24 часа молчат за инцидентите во Струмица, град кој стана како дивиот запад