ВИДЕО: Попова побара разрешување на директорот на ЈСП

Од:

СДСМ удри на крадење на најјако, а референдумот е само параван зад кои ги сокриваат сите криминали на картелот на власт, рече Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

– „Модус операнди“, односно начинот на извршување на делата во поголем број на случаи е ист. Некој сопственик добива иновативна идеја да отвори фирма во определена дејност и за неверојатно чудо една недела подоцна или еден месец подоцна, токму во таа фирма и дејност во одредена државна институција распишува тендер и нормално новоформираната фирма има понудено најдобри услови. Ова е начинот на кој што СДСМ расипнички ги троши народните пари. Ова го видовме при распишувањето на крвавиот тендер тежок 35 милиони евра во Здравство, а слични примери се најдоа и меѓу субјектите кои беа наградени со стотици илјади евра од фондот за иновации, рече Попова.

Според неа, истиот начин на работење се гледал и на локално ниво.

– И тука постои сериозно сомневање за постоење на криминалната шема на СДСМ за испумпување на пари од Буџетот. Имено преку ЈСП Скопје се испумпуваат 200 илјади евра за две набавки кои ги добиваат две фирми во сопственост на едно исто лице, регистрирани на иста адреса, формирани непосредно пред да го добијат бизнисот. најтрагично е тоа што вобичаените услуги се плаќаат по двојно повисока цена. Имено Фирмите „Идкардс“ и „Ит плус смарт консалтинг“ формирани од лицето Б.М. на неговата домашна адреса „Димо Хаџи Димов“ број 81, само еден месец откако се формирани се јавуваат како извршители на бизнис во вредност од 200 илјади евра, првата за набавка на електронски картички за возење, по цена поскапа од претходната, а втората за консултантски услуги. Елетронските картички за возење кои порани го чинеа претпријатието 100 денари, сега ќе го чинат 120 денари. Скопјани ќе плаќаат 20% повеќе, нашите пари наместо за некоја нова инвестиција завршуваат во нечиј џеб по веќе познатата шема на СДСМ, рече Попова.

Таа запраша дали тука не се работи за уште една шема каде има сомневање дека блиски луѓе на власта првин формираат фирми неколку дена пред да се распише тендер од некоја државна институција, потоа се распишува тендер скроен по мерка на фирмата штотуку формирана, за истата на крај да добие милионски бизнис од власта.

– Дали ова не е најголемиот грабеж врз Скопје извршен во модерната историја на градот. Дали и кој договорил формирање на ови две фирми со конкретна намера да го добијат бизнисот од 200 илјади евра? И клучното прашање, зошто Шилегов молчи за сето ова? Наместо молк и терање на работите во ЈСП по принципот „вози Мишко“, Шилегов доколку нема удел во сомнителните набавки, треба веднаш да го разреши директорот и да ги поништи набавките. Целиот материјал за сомнителните набавки треба да биде доставен до органите на прогонот кои треба да отпочнат сериозна истрага за случајот тежок стотици илјади евра. Шилегов повеќе од 10 месеци нема направено ниту еден проект, градот тоне во смет, кучиња скитници ги има насекаде, неспособноста да испрска против комарци ја покажа целата неспособност на Шилегов. Нема проекти, но има сомнителни тендери преку кои се исцицуваат парите на скопјани, рече Попова.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра