(ВИДЕО) Костадинов: Со влезот во ЕУ, Македонија станува дел од пазар од 500 милиони потрошувачи

Од:

Доаѓа време за нова одлука, кога треба да го направиме следниот чекор од овој вистински пат по којшто се движи Македонија, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

– Имаме историска можност на престојниот референдум да излеземе и заедно да избереме сигурна иднина. Македонско-грчкиот договор ширум ги отвора европските перспективи, обезбедува членство во Европската унија и НАТО со загарантиран македонски идентитет. Со членството во Европската унија значителноќе се зголемат фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура. Тоа значи многу повеќе пари и за нови патишта, водоводи, канализации, пречистителни станици, за нови училишта, градинки, рече Костадинов.

Како што кажа тој, со влезот во ЕУ, Македонија станува дел од пазар од 500 милиони потрошувачи, а македонските прозиводи стануваат рамноправни на големиот европски пазар.

– Досегашните искуства на земјите од регионот покажуваат дека по влезот во ЕУ, економскиот раст се интезивира, невработеноста се намалува, а расте извозот и бројот на нови работни места. Членството во ЕУ ги зголемува домашните и странските инвестиции. Новите инвестиции ќе донесат повеќе пари, нови работни места, повисок БДП и повисок животен стандард. На пример бруто домашниот производ на Унгарија се зголемил за 23%, на Чешка се зголемил за 37% проценти а дури за 63% се зголемил БДП во Полска, по членството во ЕУ. Членството во ЕУ и НАТО носи огромни придобивки за сите нас. Да излеземе на рефереднумот и заедно, обединети, да ја обезбедиме македонската иднина како рамноправна членка во ЕУ и НАТО, со зајакнат и заштитен македонски идентитет. На референдумот на 30 септември да кажеме ДА за влез во ЕУ и НАТО со зајакнат македонски идентитет, да кажеме силно ДА за европска држава, ДА за македонската иднина, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он