А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Парите за референдумска кампања, СДСМ да ги пренамени во полза на граѓаните

by А1он26/08/2018 - 09:38179
Share0

„Расипништвото на СДСМ нема крај. Наместо инвестиции во проекти и инфраструктура власта на Заев се луксузира и троши милиони на непродуктивни работи. Повеќе од една година се е во застој.

Следете a1on на Instagram Instagram

ВМРО-ДПМНЕ порачува владата наместо 1 милион и 300 илјади евра да фрли за промоција на капитулантскиот договор за промена на името, парите да ги пренамени за изградба на училиштето Кирил Пејчиновиќ во Тетово.

670-те илјада евра кои власта планира да ги потроши за набавка на цвеќиња, што е неосновано и непродуктивно нека ги даде за набавка на болнички возила и со нив нека купи 15 -тина болнички возила.

Наместо за луксузирање и набавка на кафе во износ од цели 55 илјади евра од страна на владата и градот Скопје парите да се пренаменат за поправка на некоја градинка.

Следете a1on на Youtube YouTube

Со парите кои беа фрлени и безмилосно потрошени за прослава на капитулантскиот договор можеше да се изгради 15 тина километри водоводна мрежа.

350 илјади евра истрошени за набавка на мебел во МЕПСО можеа да се пренаменат за набавка на 3 мамографи за болниците низ државата.

Власта наместо да троши пари на луксуз треба инвестира во проекти од кои граѓаните ќе имаат реален бенефит.

Власта во изминативе повеќе од година дена покажа само расипништво и е пример за тоа како не треба да се води државата. СДСМ треба да си замине. Република Македонија не смее да продолжи да тоне“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 12:12

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 11:34

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

Горан Наумовски22/07/2026 - 17:50

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Горан Наумовски19/07/2026 - 10:48

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

Горан Наумовски19/07/2026 - 09:31

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

Горан Наумовски18/07/2026 - 09:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео