Мицкоски најави дека парите од кампањата за референдумот ќе ги донира за школо во Тетово

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска соопшти дека ќе и предложи на пратеничката група делот од средствата за јавната кампања за референдумот наменет за неа да се донира за да се изгради или догради нов објект во состав на големиот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Доколку постои правна пречка за тоа, наведува Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од делот за средствата и јавно ќе побара тие да се вратат во буџетот и Владата да ги инвестира токму во ова училиште.

Ова Мицкоски го соопшти на својот профил на Фејсбук, притоа, меѓудругото, посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е против Договорот со Грција, но оти конечниот ставот во однос на самиот чин на гласање, и учество на референдумот, ќе им биде соопштен на граѓаните во моментот кога ќе биде дефиниран.

Според лидерот на опозицијата, претстои кампања за Договорот со нашиот јужен сосед, а не за членство во ЕУ или НАТО, што е сосема друга тема. Наведува дека на Македонија повеќе од кампања и се потребни инвестиции, во образованието, младите, економијата, здравството, земјоделието… бидејќи, како што пишува Мицкоски, во прашање се околу 80 милиони денари, пари на граѓаните кои власта, Владата и парламентарното мнозинство во Собранието ги наменуваат за референдумската кампања.

Мицкоски посочува дека ВМРО-ДПМНЕ со сопствени сили и средства, наоѓајќи потпора во народот одејќи од врата на врата ќе учествува во кампањата и ќе биде против овој договор, и во моментот кога ќе го дефинира конечниот став во однос на самиот чин на гласање, учество референдумот, тој ќе им биде соопштен на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери