НБА воведува нови правила за поатрактивна кошарка

Од:

Најквалитетната светска кошаркарска лига НБА од следната сезона ќе воведе измени за времето за напад по офанзивен скок, а ќе се поедностави правилото за неспортски грешки и ќе се прошири дефиницијата за неспортско однесување.

Во НБА очекуваат правилото за рестартирање на часовникот за игра од 24 на 14 секунди по офанзивен скок да го зголеми бројот на шутеви и да ги направи натпреварите уште повозбудливи.

Правилото за неспортски грешки ќе биде поедноставено и многу полесно ќе се судат овие фаули, а воедно со новите измени судиите ќе имаат поголемата слобода да ги спречат играчите неспортски да се однесуваат меѓу себе, но и кон тренерите, судиите и публиката.

Меморандумот со измените веќе е испратен до директорите и тренерите на сите тимови, а се очекува да добие двотретинско мнозинство на состанокот на Управата закажан за 20 и 21 септември.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот