Кризен штаб против референдумот: Мицкоски го допре дното – бојкотирачите на референдумот ги нарече фекалии

Од:

„Лидерот на ДМНЕ Христијан Мицкоски вчера го допре дното со изјавата дека приврзаниците за бојкот на референдумот на 30 септември се фекалии.

Земајќи предвид дека македонскиот народ и поголем дел од граѓаните нема да излезат и ќе го бојкотираат референдумот, произлегува дека Мицкоски го смета за фекалии сопствениот македонски народ.

Познати ни се причините за ваквите неконтролирани испади на Мицкоски во последно време, меѓутоа, Кризниот штаб против референдумот во кој членуваат 28 патриотски организации за одбрана на националните интереси, во овој судбоносен момент за Татковината нема да навлегува во провоцирачки расправии со лидерот на ДПМНЕ Мицковски кој ја нема подршката од огромното членство на ВМРО.

Кризниот штаб против референдумот го повикува и Мицкоски и раководството на ДПМНЕ да бидат на страната на македонскиот народ, поголем дел од граѓаните, Македонците во странство, кои нема да излезат на референдумот оти не сакаат промена на вековното македонско име.

Да се обединиме сега против референдумот, а на целата македонска јавност после 30 септември со факти ќе и покажеме кој се фекалиите и контаминирачите во Македонија“, се вели во соопштението на Кризниот штаб против референдумот.

Би можело да ве интересира

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска

Костовски: Референдумот е за личен спас на фотелјата на Мицкоски

Мицкоски: Ковачевски и Пендаровски да не опструираат преку Талат Џафери, референдум мора да има

Катерина Ѓуровски

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска