84 ваучери за новородените деца од општина Кисела Вода денес додели секретарот на Општината, Александар Алексовски.
„Се работи за 42 девојчиња и 42 машки дечиња. Еднократната парична помош е во висина од 6.000 денари и се доделува на семејствата кои се со адреса на територија на општина Кисела Вода.
Тие заедно со барањето треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето“, соопштуваат од Општина Кисела Вода.