Јубилејно 10. издание на меморијалниот „Бош фест“ во Гевгелија

Од:

Три дена исполнети со концерти, инсталации, работилници, изложби, перформанси и филмови ќе бидат белег на јубилејниот десетти меморијален мултимедијален арт фестивал „Бош Фест“, кој од денеска до недела се одржува во Гевгелија во чест и почит кон прерано починатиот актер и поет Бошко Бозаџиевски.

– Истрауматизирани од секојдневниот живот, потресени од емотивната пустоловина, отуѓувањето и желбата за моќ, од петни жили го создадовме јубилејниот „Бош фест“ кое треба да биде како летувалиште, место за опоравување, лекување, обновување на невроните, страста и другарството. Со независна современа уметност од субкултурната сцена дојдете заедно да го прославиме фестивалскиот јубилеј, апелираа организаторите.

Од почетокот до денеска на „Бош Фест“ во Гевгелија се презентирани 70 самостојни и групни изложби, 90 музички настапи, 40 проекции на филмови, 20 работилници, осум перформанси и по шест инсталации и театарски претстави.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија