ДС: Со буџетски средства не може да се води кампања против референдумот

Од:

„Демократскиот сојуз смета дека државните институции треба да водат информативната кампања за успешност на референдумот и имплементација на договорот помеѓу Македонија и Грција, како битни предуслови за членство во НАТО и ЕУ.

Владата и Парламентот на Република Македонија го дефинираа националниот и државниот стратешки интерес ,тоа е полноправно членство во НАТО и ЕУ и за да се реализира тој интерес неопходни се уставни промени.

Пред да се пристапи кон Уставни промени се организира консултативен референдум, при што треба да се има во вид дека Парламентот донесе Закон за ратификација на Договорот помеѓу Македонија и Грција и спроведувањето на тој закон ги обврзува сите пратеници, без разлика кој како гласал.

Поради тоа сметаме дека доколку Парламентот се вклучи во кампања со буџетски средства, во никој случај не можат пратениците да водат кампања против референдумското изјаснување.

Инаку секој граѓанин што препознава перспективи за Македонија со влез во НАТО и ЕУ, треба да се вклучи во референдумска кампања.

Само со широка граѓанска и објективна информативна кампања ќе се мобилизираат граѓаните и ќе излезат да гласат на претстојниот референдум“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска