Бактериолошки неисправна водата за пиење во неколку кичевски села

Од:

Водата за пиење во неколку селски водоводи во општина Кичево е бактериолошки неисправна и не може да се користи за пиење, ниту за подготовка на храна. Жителите ако сакаат да ја користат водата за пиење или за подготовка на храна мора задолжително да ја превриваат.

– Отсекот по хигиена и здравствена екологија од Кичево не извести дека поради бактериолошко загадување водата од повеќе селски водоводи во нашата општина не може да се користи за пиење ниту за подготовка на храна. На таа листа селски водоводи влегуваат водоводите во селата: Миокази, Челопеци, Орланци, Светорача, Дупјани, Речани-Челопечко, Крушица, Бигор Доленци и крај патната чешма во ова село, потоа селските чешми во Видрани и Патеец, изјави раководителот на РЦУК- Кичево Сузана Тасеска.

Таа информира дека поради бактериолошка неисправност и недоволно резудуален хлор не смее да се користи како вода за пиење и водата од централниот водовод во село Зајас и во ОУ „Реџ Рушит Зајази“ од истото село.

– Забраната важи се додека не се добијат исправни мостри, а до тогаш водата од овие водоводи и селски чешми задолжително мора да се преврива ако сакаме да се користи за пиење или подготовка на храна, изјави Тасеска.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Повлечена вода од хрватскиот пазар испорачана во соседството

Загубите на вода во државава 62-63 отсто, меѓу највисоките во регионот

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он