Почина хрватски планинар на Кораб

Од:

Хрватскиот планинар П.П. (58) од Сплит вчера починал откако му се слошило додека бил на Кораб, на местото викано „Кобилино поле“.

Како што соопшти МВР, со П.П. (58) на Кораб биле и други планинари, членови на планинарско друштво од Сплит. Во еден момент нему му се влошила здравствената состојба по што побарал помош.

По дојавата во Центарот за информации и команда Тетово, П.П. со хеликоптер на МВР бил донесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје, каде лекар констатирал смрт.

По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип