Македонската одбојкарска репрезентација претрпе пораз од Швајцарија со 2:3 во сетови во третото квалификациско коло за Европското првенство во 2019 година.
Македонија не ја искористи фаворитската улога и домашниот терен и по пет сета загуби во неизвесен и полн со осцилации натпревар.
Избраниците на Никола Матијашевиќ го освоија првиот сет и поведоа со 1:0, но швајцарските одбојкари направија пресврт и ги освоија следните два за водство од 1:2.
„Црвено-жолтите“ во четвртиот сет се вратија во игра и го освоија за израмнување од 2:2. Меѓутоа, во петтиот одлучувачки сет Швајцарија стигна до предност од 9:11, а ја одржа до самиот крај и победи со 12:15.
Македонија во следното коло од овој квалификациски циклус в сабота ќе гостува токму на репрезентацијата на Швајцарија.