Завршува јавниот увид и пријавувањето на иселениците за референдумот

Од:

Јавниот увид во Избирачкиот список и пријавувањето на иселениците за гласањето на референдумот на 30 септември завршува вечер на полноќ.

До вчера напладне беа пријавени вкупно 2.060 пријави граѓани за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство. Како што соопшти ДИК, од пријавите, 2019 се прифатени, 38 се одбиени, а останатите пријави се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Љубљана – 172, во Лондон – 114, во Торонто – 111, Канбера 88 итн.​Најмал број пријави поднесени се за гласање во Киев и Приштина – по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Доха – по две пријави. Онаму каде што ќе има помалку од десет пријавени нема да се спроведе гласање. Иселениците кои се пријавиле за гласање на референдумот во ДКП-та, нема да можат да се изјаснат во Македонија доколку допатуваат во земјата. Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември.

Јавен увид во Избирачкиот список, заклучно со вторник 21 август вкупно 4.466 граѓани извршиле увид во податоците во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 428, следат Струмица – 420, Карпош -375, Радовиш – 240 и во Охрид – 235.

До полноќ можат да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци во Избирачкиот список, и да се доставуваат пријави од иселениците за изјаснување на референдумот.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска