СДСМ: Чавков беше партиска инсталација на ВМРО-ДПМНЕ на чело на БЈБ, а сега е на обвинителна клупа

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години ја злоупотребуваше полицијата, а Министерството за внатрешни работи по признание на тогашната министерка Гордана Јанкуловска го претвори во МВРО-ВМРО, не знае што се професионални и независни институции.

Последен пример е токму случајот со Митко Чавков, партиска инсталација на ВМРО-ДПМНЕ кој беше на чело на БЈБ а сега е на обвинителна клупа.

Судската постапка ќе покаже што се правеле овие партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ на 27-ми април кога беше нападното Собранието и загрозени животите на пратеници и новинари.

Тоа време заврши, следува одговорност.

Јасно е дека за опозциската партија којашто е симбол за партизирање институции, незамисливо е професионалци да раководат со безбедносните служби.

ВМРО-ДПМНЕ е против професионализација на институциите и напредок на Македонија во евроинтегративните процеси. Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ сака повторно со безбедносните служби да управува братучедот на Никола Груевски, сака повторно нелегално да прислушува десетици илјади граѓани, а полицијата да ја злоупотребува за пресметки со неистомислениците.

За жал на ВМРО-ДПМНЕ, за среќа на Македонија таквото време нема повеќе да се повтори. Министерството денес работи професионално и независно, а полицијата веќе не е партиски инструмент, туку ефикасен и професионаел сервис, пријател и заштитник на граѓаните.

Назначениот директор на Бирото за јавна безбедност е професионалец, со долгогодишно академско и професионално искуство во служба на законите и обезбедување на безбедноста на граѓаните на државата“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он