СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со денови лаже и измислува само за да не го каже ставот за референдумот

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ со денови лаже и измислува се само за да не го каже ставот за референдумот на кој граѓаните ќе имаат историска можност да одлучат за сопствената иднина.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно никаков кредибилитет да зборува за вработените во администрацијата, особено што целата јавност деновиве дозна како оваа партија со години се однесувала кон институциите и вработените во јавната и државна администрација.

Заканите, заплашувањата, одењето од врата на врата и во одредени случаи малтретирањето на јавните службеници се одлика на владеењето ВМРО-ДПМНЕ и тоа е завршено со започнатиот процес на реформа и професионализација на државните институции.

Владата предводена до СДСМ работи одговорно, отчетно и единствено во интерес на граѓаните, што за ВМРО-ДПМНЕ е непозната категорија.

Нема веќе манипулации, нема затскривања како за време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

За прв пат Владата го објави и вкупниот број вработени во јавната администрација, како и бројот на лица вработени преку агенцијата за времени вработувања.

ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да излезе од матрицата на лажни вести и измислици“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт