Собранието ќе се вклучи во кампањата за референдумот, за деталите во текот на денот

Од:

Собранието ќе се вклучи во јавната кампања за референдумот, а информациите како тоа ќе го направи ќе ги презентира преку соопштение за јавноста во текот на денот.

Се очекува да бидат објавени и средствата што ќе бидат одвоени за кампањата. Други детали засега официјално не се соопштуваат.

На средбата, дознаваме дека освен потпретседателите и координаторите, како претставник од Владата присуствувал и министерот Дамјан Манчевски.

Ни денеска координаторот на ВМРО-ДПМНЕ не беше на координацијата, па останува нејсно како и пратениците ќе бидат вклучени во кампањата која ќе ја води Собранието како носител на кампањата.

Собранието е предлагач на одлуката за распишување на референдумот за името на 30 септември. Одлуката беше предложена со потписи на 69 пратеници. Парламентот, според Законот за референдум, треба да спроведе јавна кампања, но исто така тоа можат да го сторат и други заинтересирани страни.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

Референдум во Република Српска на 25 октомври

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски